Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Славица Грковска, од денеска е во работна посета на Брисел, каде што ќе има низа средби со високи претставници на европските институции.
Во рамки на посетата, како што соопштуваат од Владата, планирани се поединечни средби на Грковска со Вера Јурова – комесар за вредности и транспарентност и Јоханес Хан – комесар за буџет и администрација.
Посетата на вицепремиерката ќе вклучи и состаноци со Виле Италиа – генерален директор на Европската канцеларија за борба против измами (OLAF), како и со Микела Матуела – вршителка на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за европска соседска политика и преговори за проширување (DG NEAR).