„Фиат“ веќе нема да произведува сиви автомобили

fiat
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италијанскиот производител на автомобили „Фиат“ ќе престане да произведува сиви автомобили, објави мултинационалниот автопроизводител „Стелантис“, којшто е сопственик на брендот.

– „Фиат“ од денес ќе престане да произведува сиви автомобили. Одлуката е донесена за да се истакне важноста на бојата во животот и има за цел дополнително да ja зајакне водечката улога на „Фиат“ како бренд на радост, боја и оптимизам, олицетворувајќи го италијанскиот начин на живот и истакнувајќи ја нова вредност „Сладок живот“ (Долче Вита), изјави извршниот директор на автомобилската компанија, Оливие Франсоа.


Палетата бои за каросеријата на автомобилот е „инспирирана од италијанското море, Сонцето, земјата и небото“, се вели во соопштението. Франсоа додаде дека компанијата сака да ги инспирира луѓето да живеат со оптимизам и позитивност, што ќе биде една од мисијата и на новиот електромобил „Фиат 600-е“, што ќе биде претставен на 4 јули.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK