Костадиновска-Стојчевска во посета на Стразбур

kostadinovska stojcevska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, од денеска престојува во работна посета на Стразбур, каде што ќе учествува и ќе се обрати на 7-от пленарен состанок на Управниот комитет за анти-дискриминација, диверзитет и инклузија (CDADI).

Во рамки на посетата, Костадиновска-Стојчевска во Палатата на Европа ќе се сретне со генералната секретарка на Советот на Европа,  Марија Пејчиновиќ Буриќ, со извршниот директор на Европскиот институт на Ромите за уметност и култура, Тимеа Јунгхаус, а ќе има средба и со Петра Бауер, претставничка на жените во парламентарната група.


Во фокус на разговорите ќе бидат европската перспектива на земјата, како и текот и следните чекори на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, соопшти Министерството за култура.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK