Одлуката за кризна состојба отвора можност за брза санација на патиштата во Делчево и Крива Паланка, вели Ковачевски

sanacija-patishta
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За санирање на оштететната патна инфраструктура во Делчево и Крива Паланка треба да се направат прво сите проценки и веднаш да интервенираат надлежните институции и општините кои треба да ја имплементираат владината одлука за кризна состојба, вели премиерот Димитар Ковачевски.

-Владата донесе одлука за кризна состојба во Делчево и во Крива Паланка кои што беа погодени од страшни врнежи каде многу настрада патната инфраструктура, практично беа ископани патиштата, и за да може тоа брзо да се заврши согласно со законските процедури се отвори можност ЈП Македонија пат, ЈП за државни патишта, Министерството за транспорт преку оваа одлука да можат да ги направат прво сите проценки и веднаш да интервенираат. Практично, сега е на оние кои што ја имплементираат одлуката заедно со општините да направат се што е потребно да се алоцираат финансиски средства за да може да профункционира сообраќајот во овие два града, вели Ковачевски на новинарско прашање дали Владата донесе одлука колкава ќе биде финансиската помош за Делчево за реконструкција на патната инфраструктура по невремето, по доделувањето решенија за трактори во Свети Николе.


Во однос на проценката за Делчево дека штетата е еден милион евра, тој посочи дека тоа не значи дека ќе бидат префрлени пари, туку ангажман на институциите на Владата кои можат да интервенираат во такви случаи, а конкрено тоа се оние задолжени за поправка на патиштата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK