Еурофарм Пелистер ја раскина соработката со Црногорецот Радовиќ

radovik
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Досегашниот капитен на Еурофарм Пелистер, Мирко Радовиќ, ги напушти редовите на македонскиот ракометен шампион, откако битолскиот клуб објави синоќа дека спогодбено ја раскина соработката со црногорскиот репрезентативец, една година пред истек на договорот.

-Нашиот капитен и нашата управа дојдоа до заеднички став дека најдобра опција за ракометарот е промена на средината и поголема минутажа од таа која ја имаше во минатата сезона, соопшти Еурофарм Пелистер.


Вратите во нашиот клуб, се додава во клупското соопштение, секогаш ќе бидат отворени за Мирко Радовиќ и клубот на посебна манифестација ќе му се заблагодари за петте незаборавни години.

Црногорскиот репрезентативец со Еурофарм Пелистер освои една шампионска титула и два трофеи во македонскиот Суперкуп.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK