Општина Дебрца објави повик за пријавување на штетите од вчерашното невреме

grad
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Дебрца објави повик го граѓаните дека штетите на нивните земјоделски култури настанати како последица на невремето што вчера го зафати регионот можат да ги пријават до 7 јули.

Барањата за пријава на штети граѓаните можат да ги подигаат во Архивата на Општината или да се преземат од општинската интернет-страница и пополнети да ги достават до Архивата.


Покрај барањето потребно е да се достават и копија од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот, доказ за основ на користење на земјиштето за насадите (копија од имотен лист или копија од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ или копија од договор за закуп).

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, веднаш по вчерашното невреме посочи дека предизвиканите штети на земјоделските насади се стопроцентни, дека градот за неколку минути ја однесе во неповрат сета мака на земјоделците.

„Уште сега со сигурност можам да кажам дека штетите на земјоделските култури се стопроцентни. Општината ќе ги спроведе сите стандардни постапки за пријавување на штетите, а процената како што кажав не е ни потребна, стонастотна е“, објави Ногачески уште вчера на неговиот фејсбук-профил.

Тој упати повик до Владата и Министерството за земјоделство да обезбедат средства од интервентниот фонд за земјоделство за обесштетување на земјоделците, апелирајќи системско решавање на проблемот со осигурувањето на земјоделските култури од елементарни непогоди.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK