– Сообраќајните полицајци од 22 од 4 часот утринава спровеле акциска контрола на подрачјето на СВР Тетово – дали и колку од возачите управуваат под дејство на алкохол. При контролата, биле откриени и санкционирани 12 возачи, од кои десет на тетовско и двајца на гостиварско подрачје. Кај еден на тетовскиот регион биле измерени до 2 промили алкохол во организмот, односно крвта.
Сите веднаш се исклучени од сообраќај, а на осум возачи времено им се одземени и нивните возачки дозволи. Покрај тоа, изготвени им се и поднесоци и прекршителите ќе се соочат со парични глоби од 225 до 275 евра во денарска противвредност, зависно од степенот на нивната алкохолизираност.
-СВР Тетово апелира до возачите да избегнуваат консумирање алкохол, зашто ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.Ова, дотолку повеќе што во полн ек е сезона на свадбени и други свечености и секоја чашка алкохол плус може да биде фатална, информира портпаролот Марјан Јосифоски.
Во акциската контрола санкционирани се и 23 други видови сообраќајни прекршоци.