Лавров: Русија ја задржува контролата врз нуклеарното оружје распоредено во Белорусија

raketa_345353454444
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека неговата земја ја задржува контролата врз тактичкото нуклеарно оружје што ќе биде распоредено во Белорусија, во согласност со меѓународните обврски.

-Ова распоредување на нуклеарно оружје на ниту еден начин не прекршува какви било меѓународни обврски на Белорусија или на Руската Федерација, вклучително и обврските од Договорот за неширење на нуклеарно оружје, изјави синоќа Лавров за ТВ каналот ОНТ.


Рускиот претседател Владимир Путин на 25 март соопшти дека, на барање на Минск, Русија ќе го распореди своето тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија, исто како што САД распоредија елементи од својот нуклеарен арсенал на територијата на своите сојузници.

Москва веќе го префрли нуклеарниот систем „Искандер“ во Минск и им помага на своите белоруски колеги соодветно да ги опремат своите авиони, јави Тасс.

Путин, на 16 јуни, пак, соопшти дека првите руски нуклеарни боеви глави веќе се испорачани во Белорусија и дека целата серија ракети ќе бидат распоредена до крајот на годината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK