Кузеска: Време е за одлука за европскиот пат, ВМРО-ДПМНЕ има шанса за прв пат да покаже државничко однесување

bogdanka_kuzevska_3453345
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Досега, опозициската ДПМНЕ нема поддржано ниту една важна стратешка одлука за државата.

Не го поддржаа зачленувањето во НАТО, не го поддржаа ниту Договорот од Преспа, не го поддржаа продолжувањето на преговорите со ЕУ а не гласаа ниту за договорот ФРОНТЕКС.



ДПМНЕ не лобирале ниту за последната одлуката на германскиот Бундестаг со поддршка за членството во ЕУ и признание за македонскиот идентитет.

Само ДПМНЕ-Левица и партии од Бугарија се против оваа значајна Резолуција.

Тоа покажува дека ДПМНЕ нема државнички капацитет и не може да собере сили да го стави интересот на граѓаните на прво место.

Каква е таа партија која е против членството во ЕУ со зачуван македонски јазик и идентитет?

Сега е време за нова одлука за продолжување на европскиот пат. ДПМНЕ и Мицкоски имаат шанса макар еднаш да покажат државничко однесување.

Можеме да застанеме заедно, рамо до рамо за државниот интерес а тоа е членство во ЕУ.

Подадовме рака за дијалог, се случи лидерска средба на која се доближија ставовите.

ДПМНЕ прифати уставни измени и учество во заедничка Влада, го призна легитимитетот на Владата и на Собранието и сега дијалогот треба да продолжи за деталите околу уставните измени.

Нека размислат, ќе им дадеме уште време. Сметаме дека има време за дијалог и заедно да ги донесеме уставните измени.

Опозицијата треба да учествува во носењето на оваа одлука а тоа е исполнување на еден од чекорите кон полноправно членство во ЕУ.

Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK