Јаневска: Дали Јетон Шаќири потпишал експериментална нова програма за образование без консултација со никого?

janevska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Го прашувам министерот за образование, Јетон Шаќиридали потпишал „Експериментална програма за унaпредување на воспитно-образовниот процес во основното образование за учебната 2023/24 година“ со кој акт де факто на нетранспарентен начин, без консултација со никого вовел нова програма во основното образование за учебната 2023/2024 година.

Според ова Владата признава дека на големо фалената Концепција на Мила Царовска всушност претставува пропаднат проект, кој ќе биде заменет со нов експериментален, односно експеримент за најмладите на целата територија на Македонија.


ВМРО-ДПМНЕ преку Комисијата за образование и наука многу пати укажуваше и предупредуваше на недостатоците на Концепцијата и на неможност за нејзино реализирање, за на крај да добиеме експеримент за децата. Прашувам дали новата експериментална програма само за една учебна година е всушност само очајнички обид да се сочуваат делови од таа пропадната Концепцијата.

Незнаејќи ни самите што да прават со она што го креирале сега надлежните експериментираат како со учениците така и со наставниците и тоа со времето кое учениците и наставниците требаа да го поминат на училиште, со наставните часови и другите активности, со дополнителната настава, со слободни изборни предмети кои не мора да произлегуваат од професионална стручност на наставниците (на пример неформално знаење за готвење и фотографија), но и со бројот на наставни часови и платите на наставниците. Претпоставувам дека после 3 години им стана јасно дека немаме кадар кој ќе предава интегрирани предмети, па сега експериментираат со модули, односно дефинираат дека новите наставни програми по одделни наставни предмети се модуларни.

Како цреша на шлагот со новата експериментална програма , се вели:

Со оглед на тоа што, во одредени ситуации, поради неквалитет или други слабости, се повлекуваат учебници од употреба или, поради, непријавување на автори за ракописи на учебници, да се прашаат зошто или воведување на нов наставен предмет за којшто е потребно да се промовира нов пристап во презентирањето на содржините и постигнување на резултатите од учење, за да се овозможи непречено одвивање на наставата и навремено обезбедување на учениците со соодветни материјали за учење, Министерството за образование може да побара од Бирото за развој на образованието изработка на материјали за учење, не учебници, материјали за учење.

Искуствено, ова „Министерството за образование може“ во суштина значи, учебници нема, повторно ќе добиеме само материјали за учење. Збогум на учебниците. Што е многу, многу е. Доста е!

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK