Британскиот министер за одбрана Бен Валас не очекува да го наследи Столтенберг на чело на НАТО

valas
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британскиот министер за одбрана Бен Валас изјави дека не очекува да го наследи Јенс Столтенберг на функцијата генерален секретар на НАТО, објави магазинот „Економист“.

Британските меидуми пренесуваат дека Столтенберг треба да поднесе оставка во септември по девет години како генерален секретар на Алијансата. Алијасната бара наследник на Столтенберг пред самитот во средината на јули во Литванија, а извори од неа минатата недела изјавија дека се очекува тој да остане на функцијата уште една година.


-Тоа нема да се случи, рече Валас, кој отворено изјави дека би сакал да ја добие позицијата, во интервју за „Економист“, додавајќи дека САД сакаат Столтенберг да остане.

Написот, исто така, цитира извори блиски до Валас кои велат дека процесот останува отворен.

Портпаролот на Валас не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK