Земјите од ЕУ годинава ќе обучуваат 30.000 украински војници

eu
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земјите од Европската унија ќе обучуваат 30.000 украински војници во 2023 година, објави украинското Министерство за одбрана, додека армијата на земјата започна контраофанзива насочена кон ослободување на териториите окупирани од Русија.

„Во 2023 година, во рамките на мисијата за воена помош на ЕУ за Украина, планирано е да се обучат 30.000 војници на украинските вооружени сили, вклучително и војници на Територијалните одбранбени сили“, се вели во соопштението на Министерството објавено на „Телеграм“.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK