‼️ МПЦ со повик за мирен протест.
Синодот на МПЦ на денешната седница одлучи да го повика народот на мирен протест против донесување на Законот за родова еднаквост и измените во Законот за матична евиденција, со кои се планира да се легализираат безброј родови т.е. пола, што е спротивно на научните факти и спротивно на која било вероисповед.
Коалицијата за заштита на децата ги повикува сите свои коалициони партнери, сите родители и сите граѓани, без разлика на верската, етничката и партиската определеност, да излезат и да се приклучат на овој мирен протест, и да го кажат своето НЕ!! за менување на објективната реалност.
Замолуваме, како што е и наведено во соопштението, сите присутни достоинствено и мирно да излезат на протест и да не дозволиме емоциите на револт да се претворат во недолични дела со кои само ќе се наштети на нашата мисија да се заштитат децата, семејните вредности и правата на жените.
Да покажеме дека родителите си ги љубат своите деца, а граѓаните се одговорни личности!
📍 Соборен храм “Св. Климент Охридски” – Скопје
🗓 29.06.2023 г.
⏰️ 18:00 часот