Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата расправаше за кандидатката Кети Петкова за советник во ЈО

sobranie
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата продолжи денеска со расправата за избор на Кети Петкова, адвокат од Гевгелија, која претходно работела во Специјалното јавно обвинителство, за нов член на Советот на јавни обвинители.

Пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ по однос на оваа точка во долго обраќање се осврна на целокупната состојба и актуелните случувања во правосудството.


Според Јадранка Поцкова од ВМРО-ДПМНЕ, која, исто така, зборуваше за недовербата во правосудството, се бираат партиски послушници и однапред се знае дека тие ќе работат за власта.

– Народот смета дека судиите се недопирливи затоа што судовите и јавните обвинителства се полнат со судии по фамилијарна линија, вели таа.

За продолжението на седницата јавноста ќе биде дополнително информирана.

Кандидати за членови на Советот на јавните обвинители, покрај Кети Петкова, се и Светлана Жупаноска, судски соработник во Основниот граѓански суд Скопје и Митко Митревски, генерален секретар на Јавното обвинителство.

Од тројцата пријавени кандидати, членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да изберат двајца за пополнување на испразнетите места во Советот, заради пензионирање на двајца негови членови. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK