Одиме кон удвојување на електричните поврувања со Северна Македонија, Италија и Албанија, а во следните денови се очекува да биде пуштена во употреба новата електрична интерконекција меѓу Бугарија и Грција, истакна поранешниот министер за животна средина и енергетика на Грција, Костас Скрекас на 12. Енергетски самит (Athens Energy Summit), јави дописничката на МИА од Атина.
Дводневниот самит во Атина го отвори Скрекас, кој се осврна на она што Владата на Нова демократија го постигнала во изминатите четири година, како и на енергетските цели за новиот мандат, доколку ја добие довербата од грѓаните, а говореше и за меѓународната електрична поврзаност на земјата, истакнувајќи дека со тоа Грција е во центарот на енергетската мапа.
На важноста на енергетската поврзаност меѓу земјите во справувањето со енергетската криза, се осврнаа и амбсадорите на Израел и Бугарија во Грција, Ноам Каѕ и Валентин Пориазов.
Бугарскиот амбсадор истакна дека земјата успеала за 24 часа да стане независна од рускиот гас, што било постигнато со солидарноста од ЕУ, но и помошта од соседите.
Конкретно се задржа на енергетските договори со Грција, учеството на Бугарија во двата терминали за течен природен гас (ЛНГ) во Александруполи, електричното поврзување, новиот договор за нафтоводот Бургас Александруполи, како и на двата договори со кои Грција може да ги користи бугарските складишта за енергија.
Пориазов истакна дека „сите договори со Грција се ориентирани кон иднината и можат да решат многу проблеми“.
Израелскиот амбасадор говореше за поврзаноста на земјата со соседите и истакна дека е важно во меѓународните соработки да учествуваат што е можно повеќе земји.
За важноста на енергетската безбедност и енергетската транзиција, истакнувајќи дека Грција е добро подготвена за иднината, говореше Никос Цафос, советникот за енергетика на претседателот на Нова демократиаја и поранешниот грчки премиер Кирјакос Мицотакс