Министерот Спасовски во Букурешт ќе учествува на 23. Состанок на Комитетот на Министри на Конвенцијата за полициска соработка во ЈИЕ

mvr
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од денеска до задутре предводи делегација од МВР во Букурешт, каде што ќе учествува на 23. Состанок на Комитетот на министри на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа на тема „Спречување на криумчарење мигранти и влијанието на војната во Украина врз полициската соработка“.

Спасовски, како што информира МВР, за време на работниот престој во Букурешт ќе оствари неколку билатерални средби, меѓу кои со претставникот на Генералниот директорат на Европската Комисија за информатика (DG Digit), Софи Девлешувер, со вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Романија, Марјан-Каталина Предоју, како и со генералниот директор на Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа (СЕЛЕК), Огуз Серкан Акин.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK