Комисија за економски прашања ја усвои одлуката за изменување и дополнување на статутот на РКЕ

sobranie
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Предлог на закон за дополнување на Законот за минерални суровини во прво читање и Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија ( I Фаза) беа усвоени на денешната 22 седница на собраниската Комисија за економски прашања.

Со предложеното дополнување на Законот за минерални суровини, за кое Комисијата одолучи да се даде на понатамошно второ читање, се менува начинот на распределба на концесискиот надоместок за експлоатирана количина на металична минерална суровина во случај кога истата се преработува и/или се одлага јаловината од преработката на истата на територија на друга општина од општината на чија територија се врши концесиската дејност, односно во тој случај концесискиот надоместок за експлоатирана количина на минерална суровина сразмерно да се распределува по половина помеѓу општината на која се врши концесиската дејност и општината на чија територија се преработува и одлага јаловината од преработката на металичната минерална суровина.


Според пратеникот Здравко Трајанов од ВМРО-ДПМНЕ иако е краток, законот е добар.

– Идејата е добра, текстот е добар затоа што, во суштина, може да разреши повеќе ситуации кои беа оставени да лебдат во воздугот, една од таквите ситуација е рудникот Бучим

Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија ( I Фаза), беше, исто така, усвоена на денешната седница.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, образложи дека одлуката следува по повеќе законски измени поради кои е неопходно усогласување на статутот.

– Надлежностите на РКЕ до скоро беа утврдени во Законот за енергетика и во законот за утврдување на цени на водните услуги. Понатака и со Законот за управување со отпад ѝ се дава надлежност на РКЕ да ги определува и тарифите за управување со отпадот и поради тоа, со оваа одлука за изменување на нашиот статут бараме да се промени името и дополнително, заради последните измени на Законот за енергетика, кои што беа усвоени од Собранието има одредена промена и во однос на надлежностите и сето тоа што е го имплементираме во оваа одлука за изменување и дополнување на статутот, образложи тој.

По куса дискусија и оваа точка беше усвоена со што беше исцрпен дневниот ред на Комисија за економски прашања.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK