Пет европски земји заеднички сакаат да го купат противвоздушниот систем „Мистрал“

mistral
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Франција, Белгија, Кипар, Естонија и Унгарија потпишаа писмо со намери за заедничко купување на француските системи за воздушна одбрана „Мистрал“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

„Кога зборуваме за противвоздушна одбрана, би згрешиле доколку побрзаме да го зголемиме капацитетот. Прашањето е пред сè стратешко“, рече Макрон на маргините на саемот за воздухопловство во Париз.


Тој додаде дека војната во Украина покажа дека членките на ЕУ можат да испратат во Киев само тоа што го имаат и произведуваат, бидејќи со европското оружје е полесно да се управува на европско тло во однос тоа коe доаѓа од неевропските земји.

Макрон рече дека на долг рок Европската унија треба да има своја стратешка економија, а не да се потпира на СAД преку НАТО.

„Клучот за тоа би бил изградбата на европската одбранбена индустрија и набавки во рамки на Европската унија“, рече францускиот претседател.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK