Во текот на вчерашната спроведена акциска контрола на Министерството за внатрешни работи на територијата на државата за санкционирање на возила што се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 392 возачи.
Од вкупниот број на санкции, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час поголема од дозволената, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 248 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 144 надвор од населено место.
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.