Жена од Oхридско што се изгубила берејќи печурки, е пронајдена во раните утрински часови

pechurki
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Жена од охридското село Горно Среднорече, која вчера берејќи печурки се изгубила, е пронајдена во раните утрински часови.

Регионалниот ЦУК Охрид, повикувајќи се на информации од СВР Охрид, денеска соопшти дека жената се изгубила околу 20:40 часот и дека по целовечерна потрага, таа е пронајдена во раните утрински часови во добра здравствена состојба.


Исчезнувањето го пријавил сопругот, кој информирал дека биле задно да собираат печурки на различни локации низ шума. Кога требало да се сретнат на договореното место, кај нивниот автомобил, жената не се појавила.

Во потрагата била вклучена и единицата за спасување на планина со куче обучено за пребарување, екипа на полицијата од СВР Охрид, мештани од селото и роднини.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK