Бајден: Заканата на Путин за користење тактичко нуклеарно оружје е реална

bajden
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека заканата на рускиот претседател Владимир Путин за користење тактичко нуклеарно оружје е реална, неколку дена откако тој го осуди руското распоредување на такво оружје во Белорусија.

Најавата на Путин дека Русија го распоредила своето прво тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, Бајден во саботата ја нарече „апсолутно неодговорна“.


„Кога бев тука пред околу две години и реков дека сум загрижен поради пресушувањето на реката Колорадо, сите ме гледаа како да сум луд. Тие ме погледнаа како кога реков дека сум загрижен поради тоа што Путин користи тактичко нуклеарно оружје. Тоа е реално, рече Бајден пред група донатори во Калифорнија.

Минатата недела, белорускиот претседател Александар Лукашенко рече дека неговата земја почнала да презема руско тактичко нуклеарно оружје, дел од кое, според него, било три пати помоќно од атомските бомби фрлени од САД на Хирошима и Нагасаки во 1945 година. р

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK