На територијата на СВР Битола, вчера во периодот од 15:00 до 21:00 часот, спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 161 возач.
-Од вкупно 161 возач, 122 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 39 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, информираат денеска од МВР.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедноста во сообраќајот.