=Седум цивили, меѓу кои и едно дете, се повредени во текот на ноќта во украинското гранатирање на градот Валујки во руската област Белгород на границата со Украина, рече денеска гувернерот на провинцијата, Вјачеслав Гладков на комуникациската платформа Телеграм.
Посочи дека оштетени се пет катни згради и четири куќи, а една зграда се запалила.
Роман Старовојт, гувернер на Курската област, која е северно од Белгород и исто така се граничи со Украина, рече дека украинските сили таму гранатирале две села. Според првичните информации нема жртви.