Извештај на Европол укажува дека расте глобалната терористичка закана

europol
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земјите-членки на Европската унија (ЕУ) пријавија 28 обиди за терористички напади во 2022 година, а извештај на европската полиција Европол за тероризам покажа дека „тероризмот останува значајна закана за внатрешната безбедност на ЕУ“.

Бројот на терористички напади во ЕУ во 2022 година претставува зголемување во однос на 2021 година кога беа пријавени 18 напади, но е помал од 2020 година кога имаше 56, пишува денеска Радио Слободна Европа.


Во извештајот се наведува дека во 2022 година биле регистрирани „два џихадистички терористички напади“ и еден напад на екстремната десница во Европа, што резултирало со четири смртни случаи.

Извршната директорка на Европол Катарина Де Бол изјави дека борбата против тероризмот останува приоритет за Европол и ЕУ.

– Ќе продолжиме тесно да соработуваме со сите наши партнери за да ги ублажиме терористичките закани за заедницата преку кратење на средствата на терористите и ограничување на нивниот простор за планирање, финансирање и извршување напади, спротивставување на радикализацијата и зајакнување на размената на информации и полициската соработка, рече таа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK