АМСМ: Во прекин локални патишта во Крива Паланка, на граничниот премин Богородица за излез се чека околу 30 минути

amsm_98778979978
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поради излевање на Крива Река, во прекин ќе бидат локалните патишта од Крива Паланка кон селата Варовиште и Градец. Во кумановското село Пчиња има собрани дрвја и гранки под мостот на реката Пчиња, со што е намален протокот на реката, па постои опасност од излевање и оштетување на мостот, информира АМСМ.

Претходно, како што соопштија, поради обилни врнежи дожд и излевање на река кај село Раец, од 7:20 часот сообраќајот на патот А1 Градско-Прилеп е во целосен прекин.


Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Богородица има зголемена фреквенција и чекањето за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK