Стејт департмент: Србија не ги исполнува минималните стандарди за борба против трговијата со луѓе

department-of-state
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српските власти не ги исполнуваат целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе, но вложуваат значителни напори да го сторат тоа, се вели во новиот годишен извештај за трговија со луѓе на американскиот Стејт департмент.

Србија во извештајот ја задржа истата позиција како лани и се најде во категоријата 2, но е во поткатегорија меѓу земјите каде дополнително треба да се следи состојбата во борбата против трговијата со луѓе.


Освен Србија, во таа поткатегорија европски земји се само Бугарија и Црна Гора.

Во делот од извештајот кој се однесува на Србија, се наведува дека и покрај вложените напори, мал број обвинети трговци со луѓе биле истражени и кривично гонети, а намалени се и финансиските средства за Центарот за помош на жртви на насилство, кој и онака нема персонал и пари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK