Општина Кисела Вода ја рехабилитира улица „Локов”

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во населбата Кисела Вода денеска започна санацијата на улица „Локов“  каде што се работи на реахабилитација на коловозот на површина од околу 1600 квадратни метри. Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски изврши увид во почетокот на градежните активности.

– Коловозот пред само неколку години беше саниран, но поради неквалитетната изведба за кусо време се појавија видливи оштетувања кои го отежнуваат  моторниот и пешачкиот сообраќај, соопштија од општина


Оттаму, известуваат дека градежните активности опфаќаат и санација на двата паркинга, чија површина е по 570 квадратни метри и кои не биле обновени околу 25 години.

– Ќе биде изведена и нова пешачка патека долга 70 метри. Рехабилитацијата на улицата „Локов“ се очекува да заврши за околу 10 дена, велат од општината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK