Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Преспа форум за дијалог 2023, денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.
-На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, кои годинава одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, при што беше оценето дека тие се пријателски и беше изразено задоволство од нивниот позитивен развој, преку конструктивна соработка и размена на посети на највисоко ниво, се наведува во соопштението од Кабинетот на Пендаровски.
Двајцата претседатели, како што се додава во соопштението, разговараа и за регионалните прашања и текот на ЕУ интеграцијата на двете држави.