Генералниот секретар на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Миле Бошњаковски денеска во месноста Моклиште присуствуваше на одбележувањето на 80 години од масакрот во Ваташа.
Како што соопшти Кабинетот на претседателот, Бошњаковски положи цвеќе пред споменикот на 12 младинци кои беа убиени на 16 јуни 1943 година од бугарскиот фашистички окупатор.
На одбележувањето на 80 години од масакрот во Ваташа беа откриени 12-те бисти на младинците и се отвори Спомен соба за достојно одбележување и оддавање почит за нивната храброст и непокорност.