Киев: Украина планира да испрати десетици пилоти на обука за Ф-16

f16
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украина планира да испрати „неколку десетици“ борбени пилоти на обука за летање со американски борбени авиони Ф-16, изјави денеска портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Ихнат.
Од Сања Костовска
09:33, 16 јуни, 2023
Киев: Украина планира да испрати десетици пилоти на обука за Ф-16

Киев, 16 јуни 2023 (МИА) – Украина планира да испрати „неколку десетици“ борбени пилоти на обука за летање со американски борбени авиони Ф-16, изјави денеска портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Ихнат.


– Се прави сè за да започне што е можно поскоро“, изјави Ихнат за украинската национална телевизија, додавајќи дека пилотите избрани за обуката ќе имаат борбено искуство. – Тоа не е тренинг, тоа е преквалификација, појасни Ихнат.

Украина, која ја започна долгоочекуваната контраофанзива, постојано повторува дека и се потребни нови западни авиони за успешно да се спротивстави на руската воздушна доминација.

Членките на НАТО, Холандија и Данска ги предводат напорите на меѓународната коалиција за обука на пилоти и персонал за поддршка, одржување на авионите, како и снабдување на Украина со Ф-16.

Холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен неодамна соопшти дека обуката на украинските пилоти за летање со Ф-16 може да започне уште ова лето. Таа рече дека целта ќе биде програмата за обука да биде целосно оперативна во рок од шест месеци. Данска, каде што има симулатори за летање, е можна локација за програмата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK