Оспособен за сообраќај патот село Огут – село Нерав

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По шестчасовна работа на терен, екипите на Јавното претпријатие Државни патишта, секција Крива Паланка, го оспособија и ставија во функција регионалниот патен правец Крива-Паланка-село Огут-село Нерав, што од синоќа поради обилните врнежи и надојдената река беше оштетен.

Раководителот на секцијата на ЈП Македонија пат – Крива Паланка, Боби Димитровски, информира од терен дека патот е прооден и веќе сообраќаат патнички возила


-По шест часа интензивна работа, со осуммина вработени на терен и целокупната расположлива механизација успеавме да го оспособиме патниот правец за сообраќај. Надојдените води од врнежите, со наноси од дрвја и камења го блокирале одводниот канал и оштетиле дел од коловозот, што засега е фиксирано и во текот на утрешниот ден ќе се врши санација на делот од патот што водата го има оштетен, рече Димитровски.

Во Општина Крива Паланка по поројните врнежи деновиве, активни се над десет свлечишта во градот, а воведена е ипривремена забрана за сообраќај на три патни правци поради настанатите свлечишта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK