Гроси: Преземени се мерки за стабилизација во нуклеарната централа Запорожје

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси денеска изјави дека се преземени мерки за стабилизирање на ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје во Украина, што ја посети со експертски тим.

Гроси за време на посетата на нуклеарната централа, што е бво близина  до линијата на фронтот и внатре во територијата контролирана од руските сили, рече дека инспекторите на МААЕ ќе останат во централата.


Тој додаде дека „не е реално“ Русија и Украина да потпишат документ за безбедноста на најголемата нуклеарна централа во Европа.

За време на посетата Гроси изјави дека ситуацијата во Запорожје е „сериозна“, но дека се уште има доволно вода за ладење на реакторот.

МААЕ сака пристап до локација во близина на централата за да го провери нивото на водата поради загриженоста за јавната безбедност, откако пробивањето на браната Каховка предизвика поплави минатата недела.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK