Кулеба: На НАТО му е потребна Украина како сојузник, а не како привилегиран партнер

kuleba
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, денеска телефонски разговараше со германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок за претстојниот самит на НАТО во јули во Вилнус и за членството на Украина во оваа организација.

„Позицијата на Украина е јасна: создавање совет НАТО-Украина без силен чекор кон членство е како обезбедување тенк без митралез. На НАТО му е потребна Украина како сојузник, а не само привилегиран партнер“, напиша Кулеба на Твитер.


Тој и се заблагодари на министерката Бербок за досегашната поддршка од Германија.

Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг денеска на прес-конференција во Брисел најави дека состанокот на министрите за одбрана на НАТО на 15 јуни ќе почне со состанок на Советот НАТО-Украина, на кој министерот за одбрана на Украина Алексеј Резников и сојузниците од НАТО ќе разговараат за ситуацијата на теренот и за повеќегодишниот пакет за поддршка за Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK