Британската полиција испрашуваше осомничен барајќи мотив за убиството во Нотингем

britanska policija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британската полиција денеска испрашуваше осомничен во Нотингем, барајќи мотив за трикратното убиство со нож и прегазување со автомобил, при што едно лице беше тешко повредено.







Двајца 19-годишни момчиња, студент и студентка, биле пронајдени мртви на улица во центарот на градот со убодни рани, откако инцидентот бил пријавен во полиција во вторникот околу 4 часот наутро.

Трет маж, 65-годишен училишен чувар, исто така бил пронајден мртов со убодни рани на пат оддалечен околу 3,2 километри.

Комбе, украдено од чуварот, потоа удрило во три лица, од кои едното е тешко повредено и се наоѓа во болница.

Откако возилото било запрено, полицијата го привела 31-годишникот. Никој друг не е осомничен за нападите.

Полицијата соопшти дека истрагата открила дека маж кој одговара на описот, исто така се обидел да упадне во Дом за стари лица откако ги нападнал учениците.

Службеници за борба против тероризмот помагаат во истрагата, но началникот на полицијата во Нотингемшир, Кејт Мејнел, изјави дека мотивот за нападот не е познат.

„Тоа не значи дека во моментов се третира како терористички напад“, рече министерката за внатрешни работи Суела Браверман во британскиот Парламент.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK