Демири ја престави платформата за дипломатските активности како нов амбасадор во Швајцарија

demiri
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новиот амбасадор во Швајцарската Конфедерација Реџеп Демири денеска пред собраниската Комисија за надворешна политика ја претстави платформата за дипломатските активности.

Демири ја нагласи билатералната соработката на земјава со Швајцарската Конфедерација, како и улогата на Швајцарија во Европа и пошироко во светот како успешна држава.


– Во билатералните односи и соработка помеѓу Република Северна Македонија и Швајцарија економската компонента е од особен интерес за двете земји. Економската соработка со Швајцарија се одвива претежно во сферата на техничка и развојна соработка. Имајќи го предвид високиот степен на развој на швајцарската економија, има простор за подобрување на соработката, како на планот за зголемувањето на трговската размена, така и во поглед на зголемувањето на приливите на швајцарските инвестиции, истакна Демири.

Пред Демири, и Горан Милевски и Едмонд Адеми ги претставија своите платформи за дипломатските активности како нови амбасадори во Република Словенија, односно Кралството Шпанија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK