Најмалку 15 лица загинаа, а две се повредени денеска кога камион и мал автобус се судрија на автопат јужно од Каиро, пренесува ДПА.
Тешките сообраќајни несреќи се релативно честа појава во Египет, а до нив најчесто доаѓа поради лошите услови на патиштата и несовесното возење.
Во последниве години, Египет изгради мрежа од нови сообраќајни врски, насочени кон подобрување на квалитетот на патиштата.