Министрите за здравство на земјите-членки на Европска Унија на денешниот состанокот во Луксембург усвоија препорака за намалување на потрошувачка на антимикробни лекови, меѓу другото и намалување на потрошувачката на антибиотици за 20 отсто од 2030 година.
– Не можеме да ја игнорираме смртоносната закана што микроорганизмите отпорни на лекови ја претставуваат по здравјето на луѓето. Борбата против антимикробната резистенција беше клучен приоритет на шведското претседателство, а денешната препорака им дава на земјите на ЕУ алатки за следење и намалување на потрошувачката на антимикробни средства, истакна шведски министер за социјални работи и јавно здравје, Јакоб Форсмед.
Антимикробните средства се лекови од критична важност. Сепак, поради нивната прекумерна употреба и злоупотреба со текот на годините, антимикробната резистенција е зголемена, што значи дека антимикробните средства ја губат својата ефикасност, што го прави сè потешко или невозможно лекувањето на инфекциите.
Здравството е во надлежност на земјите-членки, затоа Советот на ЕУ не може да донесува обврзувачки регулативи туку препораки кои земјите-членки можат да ги спроведуваат на доброволна основа.
Препораката е фокусирана на превенција и контрола на инфекции, надзор и мониторинг, иновации и достапност на ефективни антимикробни средства, претпазлива употреба и соработка меѓу земјите-членки и на глобално ниво.