Британската полиција соопшти дека се уште го утврдува мотивот за денешните напади во кој маж со камион прегазил повеќе лица во англискиот град Нотингем, при што уби тројца, а рани уште тројца.
Детективите соопштуваат дека се обидуваат да откријат што го мотивирало напаѓачот да тргне во смртоносниот поход, што почнал малку пред 4 часот утрината.
Оттаму додаваат дека на случајот работи и антитерористичката служба и појаснија дека тоа е нормална процедура.
Под сомнение за повеќекратно убиство е уапсен 31-годишен маж, а детективите нагласиле дека не бараат друг осомничен.
Полицијата соопшти дека две лица биле пронајдени мртви на улица во центарот на градот малку по 4 часот утрото, пред полицајците да бидат известени и за втор инцидент надвор од градот, каде комбе се обидело да прегази три лица. Тие биле префрлени на лекување во болница.
Уште еден маж бил пронајден мртов на друга улица, надвор од центарот на градот.
-Ова е страшен и трагичен инцидент кој ги однесе животите на три лица, изјави претходно шефицата на полицијата на Нотингем, Кејт Мејнел.