Париз ја осуди руската кампања за дезинформирање против неговите главни медиуми

pariz
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Франција денеска ја обвини Русија дека води голема операција за дигитално вплеткување со објавување лажни написи во големите француски дневни весници против Украина, оценувајќи го тоа како „хибридна војна“ на Москва и чин „недостоен за постојана членка на Советот за безбедност на ОН“.

„Француските власти недвосмислено го утврдија постоењето на дигитална кампања за манипулирање со информации против Франција во која се вклучени руски актери и во која државните и субјектите поврзани со руската држава учествуваа во ширењето на лажни информации“, рече министерката за надворешни работи Кетрин Колона во изјавата што ја прочита нејзината портпаролка, додавајќи дека Париз „тесно соработува“ со сојузниците за „хибридната војна што ја води Русија да доживее неуспех“.


Цел на кампањата беа веб-страниците на некои весници, како и оние на Министерството за надворешни работи и Владата, а таа беше спроведена со креирање на огледални веб-страници, додаде портпаролката Ен-Клер Лежандре.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK