Макрон ќе претстави план за засилување на домашното производство на лекови во Франција

makron_567576
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека ќе претстави план за производство на клучните лекови во Франција за да се справи со недостигот на увезени фармацевтски производи, од антибиотици до парацетамол, што се појави за време на пандемијата на Ковид-19, јавија британските медиуми.

„Долгорочното решение за да се избегне недостигот на лекови во аптеките е да се продолжи со домашното производство. Тоа е тоа што го правиме за многу лекови“, напиша Макрон на Твитер пред да ги посети фармацевтските лаборатории „Агетант“ во одделот Ардеш, во југоисточна Франција.


Францускиот претседател вети дека ќе даде „важни пораки“ на оваа тема.

Макрон во својот твит ја наведе претстојната инвестиција од 22 милиони евра на британската биофармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) за модернизација на постојната локација за производство на амоксицилин во регионот Мајен, во западна Франција и ангажирање на персонал. Овој антибиотик, што им се препишува на децата за лекување инфекции, редовно е дефицитарен во земјата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK