Средношколците имаат право на бесплатен превоз и за време на претстојниот летен распуст

jsp_3252342432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ги информираме средношколците кои ги исполнуваат условите за користење на бесплатен јавен превоз, дека и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат за време на летниот распуст.

Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2023 година, која, меѓудругото, вели “со почетокот на 2023 година учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен превоз и за време на зимскиот и летниот распуст и на овој начин непречено да ги извршуваат своите училишни обврски за посетување на феријална пракса и практикантска обука…“.


Инаку, од понеделник (12.06.2023 год) јавниот превоз ќе функционира по летен возен ред.

Распоредот на сообраќање на возилата на сите линии (градски и приградски) е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје (www.jsp.com.mk).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK