Почна реконструцијата на улицата ,,Коле Неделковски” во Штип

rekonstrukcija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Почна реконструкцијата на улицата „Коле Неделковски“ во штипската населба Леваци, на која проблеми имаше поради дефект на водоводната мрежа минатата година.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов при увидот на градежните работи денеска говореше и за несовесно работење на претходната локална власт.


– Се случи дефект на водоводната линија, којшто целосно ја оштети реконструраната улица и ја покажа несовесноста и незаконитоста во работењето и изведбата на оваа улица, односно пари се издвоени за промена на водоводна мрежа, а водоводната линија е стара, дотраена и непроменета. Сега се наоѓаме со еден дополнителен проблем како нова локална власт, затоа што ЈП ,,Исар” најпрво ќе направи реконструкција на водоводната линија, којашто претходно некој кажал дека ја реконструирал, а не ја реконструирал, а потоа оваа улица ќе треба да биде изасфалтирана, изјави Јорданов.

Според информации на Јорданов, пред неколку години за истата улица биле потрошени над четири милиони денари. Сега реконструкцијата, за општината и Јавното претпријатие „Исар“, ќе значи инвестиција вредна повеќе од три милиони денари, нешто повеќе од два милиони за водоводната мрежа и еден милион денари за асфалтирање на улицата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK