Апокалиптични сцени во Њујорк. Густ чад го затрупа цел град

new york pollution
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Десетици милиони луѓе во САД се изложени на ризик од лош квалитет на воздухот откако чадот од шумските пожари во Канада се пресели на југ. Во некои градови како Њујорк, небото ја промени бојата поради чадот.


Во сојузните држави Њујорк, Масачусетс и Конектикат се издадени предупредувања за квалитетот на воздухот, а властите ги повикуваат сите жители да го намалат времето на отворено.

Њујорк има најлош квалитет на воздухот. Небото стана портокалово-кафеаво во средата, училиштата ги откажаа активностите на отворено, а властите побараа од жителите да носат и маски доколку се надвор.

Градските минувачи носеа маски на лицето до таа мера што потсетуваше на најлошите денови од пандемијата на коронавирус. – Оние кои веќе имаат респираторни проблеми или проблеми со срцето и дишењето, како и децата и постарите, мора да бидат особено внимателни и треба да останат што повеќе внатре – изјави градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс. Милиони луѓе се изложени на ризик.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK