Украинските војници, обучени од Шведска, подготвени се за фронтот

ukraina_shvedska_345345435
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Шведските власти денеска соопштија дека ја завршиле обуката на украинските војници за користење на 50 лесни тенкови CV90 кои Стокхолм му ги подари на Киев и додадоа дека се „подготвени за фронтот“.







Стокхолм не прецизираше колку украински војници учествувале на таа обука.

„Од безбедносни причини, засега нема да објавуваме детали за обемот или времетраењето на обуката“, изјави за АФП неименуван портпарол на шведските вооружени сили, пренесува Бета.

Четири механизирани пешадиски чети се формирани на непознати локации низ земјата во последните месеци, објави шведската новинска агенција ТТ.

Големината на четата варира од земја до земја и може да се движи од неколку десетици до стотици војници.

Во јануари Шведска објави дека ќе испрати 50 свои оклопни борбени возила во Украина. Земјата, исто така, вети дека ќе го испрати својот мобилен артилериски систем Арчер и противтенковски ракети NLAW во Киев.

Стокхолм вети вкупно 16,9 милијарди шведски круни (1,6 милијарди долари) воена помош за Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK