Депопулацијата на Албанија се одразува и со драстичен пад на бројот на ученици, како во основното така и во средното образование, а со тоа и на бројот на матуранти.
Оваа учебна година, средното побразование го завршуваат вкупно 30 илјади матуранти, бројка која е многукратно помала во однос на последните пет години.
-Во 2018 година нивниот број бил околу 37 илјади. Во 2019 година овој број се намалил на 35.400, додека годинава оваа бројка опадна уште повеќе и достигна 30 илјади матуранти, односно околу три илјади матуранти помалку споредено со минатата учебна година, јави Ора њуз.
На почетокот на учебната 2022/2023 година бројот ученици во основното образование беше помал за 16.000, во предметна настава на основното образование 24.000, а во средното образование 14.000 ученици, во споредба со пред пет години.