Центарот за култура ,,Ацо Ѓорчев” од Неготино одбележува 75 години постоење. Од оваа културна институција, попладнево потсетија дека вечер организираат концерт со учество на музички уметници, во чест на јубилејот.
– Нашата установа од областа на културата спаѓа во редот на најстарите културни институции во општината. Датира од далечната 1948 година и секогаш била домаќин на сите културни манифестации и настани. Така и вечерва, сите љубители на музиката, ќе можат да го проследат настапот на повеќе музички уметници, појасни директорката Виолета Стојановска.
Таа додаде дека настанот е поддржан од Министерството за култура.