Романот ,,Ако се родат некакви чувства” од Блаже Миневски беше промовиран денеска во Домот на културата „Иван Мазов – Климе” во Кавадарци.
Директорката на културниот дом, Јулијана Туриманџова, зборуваше за Миневски како македонски раскажувач, романсиер, драматург. Таа се осврна на неговиот живот и напишаните дела.
Дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство на Правниот факултет во Скопје. Како новинар работел во повеќе медиуми и списанија, а член е на Друштвото на писатели на Македонија, добитник е на повеќе награди.
– Овој роман е чудесна и комплексна историографска метафикција, за тоа што е љубовта и кои се најприсутните чувства кај човекот, рече меѓу другото Туриманџова.