Oпштина Велес субвенционира 18 граѓани за купен велосипед

veles
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Велес одобри барања за субвенции на физички лица за купен велосипед. Градоначалникот Марко Колев денеска го потпиша документот со кој на 18 лица кои се јавиле на повикот, а купиле велосипед, ќе им субвенционира по три илјади  денари. Од нив, 15 се од Велес, двајца од селото Иванковци и еден од село Чалошево.

Како што појасни градоначалникот Колев, по завршувањето на јавниот повик и спроведување на административните процедури од страна на комисијата, денес го потпишал решението за одобрување на барањата за субвенции на физички лица за купен велосипед.


-Сите пристигнати барања за овој повик се во рамките на предвидениот буџет, поради што одобрени се барањата на сите лица кои ги исполнија условите, информира Колев.

Списокот со добитниците е објавен на веб-страницата на Општина Велес.

Деновиве треба да бидат одобрени и барањата по повикот на Општината за купен инвертар клима-уред и термален сончев колектор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK