Пристигна очекуваниот климатски феномен Ел Нињо, соопштија денеска научници од американската Национална управа за океани и атмосфера.
„Во зависност од неговата сила, Ел Нињо може да предизвика низа влијанија, како што се зголемување на ризикот од поројни врнежи и суши на одредени локации низ светот“, рече климатскиот научник Мишел Л’Хору.
Тој додаде дека климатскиот феномен може да предизвика нови температурни рекорди.