Кривична пријава за злоупотреба на службена положба против директорка на градинка во Штип

policija_mvr_433534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СВР Штип  до надлежното Основно јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Н.М.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „попречување на правдата“.

– Пријавената, во својство на вршител на должност директор  на општинската јавна установа – Детска градинка во Штип, на 22.12.2022, по спроведена постапка за јавна набавка на детски реквизити и монтажа на детски реквизити, иако доставата и монтажата не биле извршени, таа извршила исплата на економскиот оператор и предизвикала штета на Буџетот на Република Северна Македонија за сума од 2.593.601 денари, соопштија денеска од МВР.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK